|
Напишано од Ќеaја
|
|
Недела, 04 Април 2010 13:55 |
|
Блаже Јанкулоски, Аце Неделковски и Горан Филипоски не можеа да издржат да го чекаат чистењето на патниот правец Маврово - Галичник за да го дочекаат почетокот на пролетта и прекрасното време во Галичник, па се упатија пешки од Јанче до саканата дестинација. Предвесник на пролетта на Долна Нивa Во продолжение следат неколку нивни фотографии, од кои не може многу да се насети доаѓањето на пролетта, но секако може да се долови чистото и убаво време.
|
|
Последно освежено ( Четврток, 13 Мај 2010 12:08 )
|
|
Повеќе...
|
|
Напишано од Ќеaја
|
|
Петок, 22 Јануари 2010 20:02 |
|
Еден важен настан од минатата година на кого досега немавме можност да му посветиме внимание е појавувањето на книгата „Есеи и Критики“ на Тодор Чалоски во издание на „Галикул“. |
|
Последно освежено ( Сабота, 06 Февруари 2010 01:12 )
|
|
Повеќе...
|
|
Напишано од Ќеaја
|
|
Недела, 13 Декември 2009 16:01 |
|
Есента што полека изминува ќе ја одбележиме со неколку фотографии од Тонивода, направени во октомври и ноември. Со тоа повторно, за жал, го означуваме почетокот на тонењето на Галичник во зимски сон. Прекрасната насловна фотографија е на Маја Димитровска, а доколку било кој друг има интересни фотографии од овој период од годината, може слободно да ни ги достави за да ги објавиме во продолжение на овој post. Исто така има нови фотографии и во галеријата, за кои мислевме дека заслужуваат да се најдат меѓу веќе постоечките. |
|
Последно освежено ( Петок, 14 Мај 2010 14:33 )
|
|
Повеќе...
|
|
Напишано од Ќеaја
|
|
Понеделник, 05 Октомври 2009 22:15 |
|
Деновиве цела Река, а и пошироката македонска јавност живее во тага по загубеното од пожарот што го зафати манастирот Св. Јован Бигорски и непроценливите работи кои неповратно беа голтнати од пламените јазици. Плачот на монасите и на населението по Радика веднаш поттикна широка донаторска акција за обновување на дел од ненадоместливото, за да се ублажи болката што му е нанесена на реканскиот крај и ударот кој му е нанесен на светското наследство. Galichnik-Official веднаш се вклучува во таа акција со тоа што подолг период на почетната страница ќе стои апелот на монашкото братство за помош на манастирот. Иако сме огорчени од причините кои доведоа до огромната штета, сепак ќе се воздржиме од соодветни коментари и ќе се фокусираме исклучиво на начинот на кој треба се помогне. |
|
Последно освежено ( Недела, 04 Април 2010 13:36 )
|
|
Повеќе...
|
|
Напишано од Ќеaја
|
|
Четврток, 07 Јануари 2010 17:51 |
|
Galichnik-Official ви посакува среќни новогодишни и божиќни празници, со најдобрите, досега неиздадени фотографии од минатата 2009 година. Уживајте.  Куќата на Ѓозински за време на новогодишните празници
|
|
Последно освежено ( Петок, 22 Јануари 2010 20:06 )
|
|
Повеќе...
|
|
|
Напишано од Ќеaја
|
|
Вторник, 23 Март 2010 14:07 |
|
Деновиве во Скопје ќе се случат два значајни настани од културата кои на некој начин се поврзани со нашиот неповторлив Галичник. На 25.03.2010 во 12 часот во Друштвото на писателите на Македонија ќе биде промовиран новиот препев на „Сердарот“ (Григор Прличев) од Георги Сталев, во издание на ГАЛИКУЛ - здружение за литература, уметност и култура од Галичник. |
|
Последно освежено ( Четврток, 25 Март 2010 21:27 )
|
|
Повеќе...
|
|
Напишано од Ќеaја
|
|
Недела, 19 Јули 2009 22:19 |
|
На 10.07.2009, во предвечерието на почетокот на „Галичка Свадба 2009“, се случи многу важен настан во црквата Св. Петар и Павле во Галичник. Настан, чие значење, не беше доволно да добие поголемо внимание од медиумите, без разлика што беше во сенка на главната манифестација, па затоа заслужува да му се посвети малку простор на Galichnik-Official. Причина повеќе претставува и фактот што добар дел од луѓето кои го проследија настанот, по неговото завршување се однесуваа како да излегуваат од класична кино претстава, а не од проекција која е многу повеќе од тоа. Таа петочна вечер за првпат откако престана да функционира киното во Галичник, се одржа проекција на филм, поточно два филма за Галичник и Галичка Свадба - едниот на Сифрид Миладинов од 1939 година, а другиот на Гордана Андреевска (која го одржа воведниот говор) и Марјан Стојнев од 2008 година. За двата филма веќе имаме претходно post-ирано на site-ов, но битен е моментот - проекција на првиот и на последниот филм во боја кои се направени за Галичник. Вечерта на проекции беше надополнета со изложба на стари фотографии од кумановецот Миладинов, како и од првиот Галичанец што почнал да се занимава со таквата дејност - Алекса Ѓиноски. |
|
Последно освежено ( Четврток, 07 Јануари 2010 17:24 )
|
|
Повеќе...
|
|
Напишано од Ќеaја
|
|
Среда, 19 Август 2009 13:58 |
|
На 16.08.2009 продолжија активностите кои летово ги имаше здружението КАМ, по повод 200 годишнината од изградбата на црквата Света Петка во долно мало, како и 1000 години од упокојувањето на светицата на која ѝ е посветена самата црква. Програмата се состоеше од поетско читање на стихови посветени на Света Петка од Гордана Михајлова-Бошнаковска, музички изведби на Весна Ѓиноска-Илкова и Тамара Ажиеска, а централно место зазеде промоцијата на книгата на Косто Граоркоски - „Св. Петка заштитничка на Галичник“.
|
|
Последно освежено ( Вторник, 23 Март 2010 13:24 )
|
|
Повеќе...
|
|
Напишано од Ќеaја
|
|
Вторник, 28 Јули 2009 14:53 |
|
Доколку некој ви кажеше дека пред еден месец почина галичанката Галена Кутреска, на голем дел од вас тоа ништо немаше да ви значи. Но кога низ медиумите се пренесе информацијата дека станува збор за Гаца, јавноста во Галичник, Македонија, па и пошироко, веднаш знаеше за кого станува збор. Една од последните фотографии на Гаца пред Вила Доста, каде ги помина последните години
|
|
Последно освежено ( Петок, 22 Јануари 2010 20:12 )
|
|
Повеќе...
|
|
Напишано од Ќеaја
|
|
Недела, 07 Јуни 2009 03:36 |
|
Со мало задоцнување заради технички причини, ве известуваме дека на 28.05.2009 во салата на Институтот за национална историја, се одржа промоцијата на делото на проф. д-р Билјана Ристовска-Јосифовска, „Ѓорѓија М. Пулевски - Револуционер и културно-национален деец“. Промотор беше проф. д-р Симо Младеновски, а настанот се одржа во оргнизација на Институтот за национална историја и издавачката куќа „Селектор“.
|
|
Последно освежено ( Понеделник, 05 Октомври 2009 22:11 )
|
|
Повеќе...
|
|